Македонските фудбалски репрезентативци за некој час ќе тргнат кон Палермо во мисијата да се направи подвиг да се победи четирикратниот светски првак и актуелен европски шампион Италија во првиот бараж за настап на Мундијалот во Катар.
Репрезентативците беа пријатно изненадени по тренингот, со присутвувото на голем број навивачи, кои со песна ги испратија на пат кон Палермо.
Македонија ќе има огромна поддршка и во Палермо, на „Ренцо Барбера“ на 24 март и се очекува да има над 3 илјади навивачи на трибините. Интересот е огромен, иако билетите за гостите се со ограничен број.
Мечот ќе се игра задутре од 20.45 часот, а победникот ќе патува за Порто на мегдан на Португалија или за Коња на завршен бараж-дуел против Турција за настап на Мундијалот во Катар.