15.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Македонија гостува кај селекцијата која има 40 порази во последните 40 меча

Македонската одбојкарска репрезентација денеска на гости кај Тбилиси против Грузија ги започнува квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се игра во 2026 година. Нашите најдобри одбојкари веруваат дека ќе го продолжат континуитетот со настапи на континенталниот собир.

Грузија не е селекција од светски ранг во одбојката и избраниците на селекторот Хари Наковски ја имаат фаворитската улога, која секако треба да ја оправдаат на теренот. Мечот почнува од 14 часот, а преносот ќе биде на Арена 4.

Македонија и Грузија во минатото се сретнале само еднаш и тоа во 2014 година кога нашата репрезентација победила убедливо со 3:0. Ако се погледнат резултатите на Грузија, тоа е селекција која реди само порази. На последните 40 натпревари кои ги има одиграно во последните 14 години има исто толку порази и неверојатен е фактот дека во тие 40 средби Грузија има освоено само еден сет.

- Оглас -

Најнови вести