Ајде патриоти, Македонија со два меча ја има во ова коло, можно ли е да освои шест бода?

Репрезентативни возбудувања нуди шестото коло на Спортска прогноза, а, секако, тука е и Македонија. Нашата најдобра фудбалска репрезентација гостува во Тбилиси кај Грузија во меч од петото коло од Лигата на нациите.

Пред три месеци, Грузија со убедливи 3:0 победи во Скопје, а на прогнозерите останува да проценат дали в петок ќе има „одмазда“ на Македонија. Тбилиси е градот кој носи убави спомени за Македонија бидејќи токму таму против Грузија, нашата репрезентација победи со 1:0 и со тој триумф за првпат си обезбеди пласман на Европско првенство.

Освен Грузија – Македонија, во понудата има и други одлични мечеви за типување, па ќе биде интересно да се видат како ќе завршат дуелите Италија – Англија, Холандија – Белгија, Данска – Франција…

Колото ќе се комплетира в понеделник, кога повторно игра Македонија, и тоа во Скопје против Бугарија.

И во ова коло стандардни се подароците подготовени за најдобрите. За перфектна прогноза, односно 13 погодени мечеви, прогнозерот ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X).

За 12-ка се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додекa за 11 погодени дуели, вредносниот ваучер е 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести