Македонија гостува во Грузија, само најголемите оптимисти веруваат во чудо кое е со коефициент над 13

Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 16 часот гостува во Тбилиси против Грузија, во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година. По првите две кола, Македонија има два порази, додека Грузија е со победа и пораз. Домаќините на овој меч се големи фаворити за победа, а тоа го покажуваат и коефициентите во Sport Life.

Македонија против Грузија досега играла двапати, и тоа на Европското првенство, а билансот е 1:1. Ги победивме на историското за нас ЕП во 2011 година со 65:63, но четири години подоцна загубивме убедливо со 75:90.

Нашата најдобра селекција во Тбилиси отпатува доста ослабена, без неколку важни кошаркари. Ги нема Ненад Димитријевиќ, Дамјан Стојановски, Адам Мекиќ, а ќе недостасува и селекторот Драган Бајиќ кој имаше позитивен тест на корона-вирус непосредно пред заминувањето за Тбилиси.

Грузијците ќе бидат без првата ѕвезда Торнике Шенгелија, кој има клупски обврски со евролигашот ЦСКА Москва, но во тимот се докажаните Георги Шермандини, Тадус Мек Фејден, Дуда Санадзе… Според обложувалниците, дилемата е дали Грузија ќе победи со 18 или повеќе разлика на крајот.

Денеска и утре ќе се одиграат вкупно 15 квалификациски мечеви за пласман на СП 2023, кои се дел од понудата во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести