Македонија ЃП и Брегалница остварија нови победи во Втората лига

Главните фаворити за враќање во елитата, Македонија ЃП и Брегалница остварија нови победи на домашен терен во деветтото коло од Втората фудбалска лига.

„Лавовите“ дома го победија Кожуф со 3-0. Славков беше стрелец на првиот гол, а потоа стрелаа и Христов и Софијаноски.

Брегалница во Штип го победи Вардар Неготино со 2-0. Головите за победа ги постигнаа Галевски и Фејзулаи во првото полувреме.

Беласица на стадионот „Благој Истатов“ со 1-0 го победи Осогово. Борец и Детонит Плачковица ремизираа без голови, а ГФК Охрид беше убедлив против Вардарски и славеше со 3-0, со двата гола на Сашо Дуков и погодокот на Ерен Парталко.

Аресими дома одигра 0-0 против Скопје, а тоа го искористи Башкими кој со триумфот над Каменица Саса од 2-1 се искачи на третото место на табелата. Победа со 1-0 го совлада Новаци.

Standings provided by Sofascore
- Оглас -

Најнови вести