Македонија ЃП и Тиквеш денеска (14 часот) на стадионот во Ѓорче Петров ќе го одиграат последниот натпревар од 19-тото коло во Првата фудбалска лига. Ова е еден од директните дуели за опстанок, со оглед дека и двете екипи се во опасната зона.
Ѓорчепетровци немаат друг избор освен да атакуваат на три бода, а и Тиквеш ќе се обиде да стигне до позитивен резултат на тешкото гостување.
Според квотите, Тиквеш за нијанса има поголеми шанси да стигне до победата. Сепак, неизвесноста е главната карактеристика за овој натпревар.


