26.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Македонија ЃП ја продолжи лошата серија на Брера, повторно еден гол го реши победникот

Во првиот натпревар од деветтото коло во Првата фудбалска лига, Македонија ЃП со минимални 1:0 ја совлада Брера.

Ова е петти меч за Брера без триумф, откако во првите четири кола оствари четири победи. Лавовите пак ја остварија третата победа и се искачија на седмото место на табелата со 11.

Човек на одлука беше Јован Попзлатанов кој единствениот гол на натпреварот го постигна во финишот од првиот дел, во 44-та минута.

Интересно е што ова е петти натпревар по ред на кој Македонија ЃП и Брера, на кој е постигнат најмногу еден гол.

Во втората лига, Тетекс славеше на гостувањето кај фаворитот Кожуф со 4:3, додека Пелистер ги освои бодовите во дуелот со Вардар Неготино славејќи со 1:0 и тоа како гостин.

Втора фудбалска лига – Резултати:
Беласица – Охрид 0-1
Детонит Плачковица – Башкими 7-0
Скопје – Арсими 1-0
Каменица Саса – Победа
Караорман – Беса 0-2
Кожуф – Тетекс 3-4
Новаци – Осогово 1-2
Вардар Неготино – Пелистер 0-1

- Оглас -

Најнови вести