8.8 C
Skopje
понеделник, 16 февруари 2026

Македонија ЃП лесно излезе на крај со Шкупи

Македонија ЃП ја оправда фаворитската улога и со убедливи 3-0 го совлада Шкупи, прекинувајќи ја негативната серија од осум натпревари без триумф во Првата македонска фудбалска лига.

Во 11-тата минута Малик Хамзиќ донесе водство од 1-0, а набргу потоа Колумбиецот Гереро го зголеми резултатот на 2-0 по убава тимска акција.

Најатрактивниот момент пристигна во 29-тата минута, кога младиот Софијаноски испрати силен удар од околу дваесет метри и го постави конечниот резултат, 3-0.

Во продолжението имаше многу шанси, но немаше нови погодоци.

Овој триумф е и прв за новиот тренер Боби Божиновски на клупата на Македонија ЃП.

- Оглас -

Најнови вести