Македонија ЃП нема избор, мора да победи против Арсими, а квотата е одлична

Комплетирање на 26. коло на Прва фудбалска лига на Македонија ќе има денеска со двата меча кои се на програмата. Македонија Ѓорче Петров на свој терен игра против Арсими, додека Шкупи ќе биде домаќин на Струга и тоа на теренот покрај Охридското езеро.

Македонија ЃП е на претпоследното место со само 23 бодови и во серија од четири порази. Доколку некогашниот шампион од Ѓорче Петров сака да се обиде да се спаси од испаѓање, едноставно денеска мора да брка победа против Арсими, кој е на осмото место со 29 бодови.

Во есенскиот дел од сезоната Македонија ЃП со убедливи 4:1 славеше над Арсими и сигурно домаќините би биле пресреќни ако го повторат тој резултат. Арсоми во последните пет кола претрпе четири порази, а го победи Вардар, што само се потврдува дека се работи за екипа со неконстантна игра.

На вториот меч кој ќе се игра денеска, победникот е предвреме познат, затоа што Шкупи е отпишан и со само еден освоен бод веќе и официјално нема шанси да се спаси од испаѓање. Струга ТЛ со победа над Шкупи ќе дојде до 55 бодови, само шест помалку од лидерот Вардар, што значи дека и стружани ќе останат во трка за титулата.

- Оглас -

Најнови вести