Македонија ЃП по подобро изведување на пенали го освои фудбалскиот Куп

Екипата на Македонија Ѓорче Петров е освојува на Купот, откако во финалето, по речиси тричасовна драма, го победи Силекс. По регуларниот дел немаше погодоци, а мрежите мируваа и во дополнителните 30 минути, па мораа да решаваат пеналите.

Во пенал-рулетот, фудбалерите на Македонија ЃП беа поуспешни и славеа со 4:3. Голманот на тимот од Ѓорче Петров, Кристија Стефковски е јунак на финалето. Тој најпрво имаше одлична одбрана во регуларниот дел, а во пенал серијата успеа да одбрани два пенали.

Токму Стефковски донесе дополнителна сигурност уште на почетокот на пенал-серијата кога го одбрани првиот пенал на Алеми. Капитенот на Македонија ЃП, Адем погоди за 1:0 за Лавовите. Во втората серија прецизни беа Цветаковски за Силекс и Личина за Македонија ЃП.

Третата серија повторно беше кобна за Силекс. Ударот на Рајков го одбрани Стевковски, а потоа Атансковски погоди за 3:1 за тимот од Ѓорче Петров. Во четвртата серија Силекс намали на 3:2, а Поплатанов имаше шампионски пенал, но неговата паненка беше неуспешна и го остави противникот со шанси. Калановски погоди во петата серија за Силекс, а Емини погоди и го донесе трофејот во рацете на фудбалерите од Ѓорче Петров.

Пред да се изведуваат пеналите, се одиграа 120 минути досаден фудбал, а двете екипи речиси и да не создадоа шанса за погодок. Силекс на почетокот на второто полувреме имаше една можност, но кратовци беа непрецизни, додека тимот од Ѓорче Петров имаше привидна иницијатива, без некоја стоостотна шанса за погодок.

За Македонија ЃП ова е втор трофеј во Купот повторувајќи го успехот од 2006 година, додека Силекс остана на три пехари во ова натпреварување и не успеа да стане првиот клуб кој бил второлигаш а стигнал до пехарот.

- Оглас -

Најнови вести