Екипите на Македонија ЃП и Арсими ќе означат старт на деветтото коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Мечот на стадионот во скопската населба Ѓорче Петров се игра од 15 часот, а може да го најдете и во богатата понуда на Sport Life.
Лавовите се фаворити за победата со квота од 2.00 во понудата на Sport Life, додека изненадување на гостите од гостиварско има квота од 3.35. Нерешениот исход се вреднува со квота од 3.05.
Она што е интересно за овие две екипи е фактот дека минатата сезона заедно влегоа од Втората во Првата лига, Македонија ЃП како првопласирана, а Арсими како второпласирана екипа во второлигашката конкуренција и тоа е единствената сезона во која овие екипи играа во иста лига.
Лавовите минатата сезона славеа со 1-0 на домашен терен, а во Гостивар беше 0-0. Имаат одиграно и еден пријателски меч, на кој триумфираа фудбалерите на Македонија ЃП со 4-3.