15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Македонија ЃП се засили со Клинтон Осеи

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП продолжува со градба на конкурентен состав за враќањето во елитата, а најново засилување во редовите е 23-годишниот Клинтон Осеи.

Офанзивецот доаѓа по успешна сезона во дресот на Воска спорт, каде се запиша меѓу стрелците седум пати. Неговите игри не останаа незабележани, па сега ќе добие нов предизвик, да се докаже во Првата македонска лига и во дресот на Македонија ЃП.

Осеи претходно настапуваше и на унгарско тло, каде ги бранеше боите на Козармислени и МТК Будимпешта. Со своето меѓународно искуство и напаѓачки инстинкт, се очекува да биде значајно оружје за тимот од Ѓорче Петров во новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести