Македонија ЃП трета екипа што го одбранила трофејот, Струга прва што ги промашила сите пенали (Фото)

Македонија ЃП е само третата екипа откако се игра Купот на Македонија што успеала да го одбрани трофејот од најмасовното натпреварување. Претходно тоа им успеало само на Вардар и двапати на Работнички.

Вардар во 1999-тата година го одбрани трофејот од претходната година и тоа против истиот противник, Слога Југомагнат. Овој успех го повтори Работнички во 2009-тата година, откако ја совлада токму Македонија ЃП после пеналите, а претходната сезона во финалето беше подобра од кумановски Милано.

Вториот ваков подвиг на “романтичарите“ беше во 2015-тата година кога во финалето го совладаа Тетекс со 2-1 и го одбранија трофејот од претходната сезона и победата над Металург со 2-0.

Македонија ЃП е во ова одбрано друштво, а следната сезона ќе има можност да биде првата екипа што трипати во серија го освојува овој трофеј.

На спротивната страна, екипата на Струга беше дебитант во КУп-финалињата и ќе се сеќава на ова финале по тоа што успеа да ги промаши сите пенали. Ова беше вкупно десетто финале или четврто во серија кое е решено после изведувањето на пеналите, но прв пат се случува една екипа да ги промаши сите пенали.

Воедно ова финале е со најмалку постигнати голови во пенал серијата, со оглед на тоа дека Македонија ЃП победи со 2-0. Најмногу голови во пенал серијата се постигнати во 2009-тата и 2013-тата година кога Работнички и Тетекс ги освојуваа трофеите против Македонија ЃП и Шкендија со идентични 6-5 на пенали.

- Оглас -

Најнови вести