Освојувачот на фудбалскиот куп на Македонија, екипата на Македонија Ѓорче Петров ќе игра против ЦСКА Софија во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
Како освојувач на трофејот во Купот, Македонија ЃП има директен пласман во второто квалификациско коло, за разлика до Академија Пандев и Шкендија кои ќе стартуваат од првото претколо.
Академија Пандев ако го помине првио ривал во овие квалификации, во второто коло ќе се сретне со Рапид Виена, додека Шкендија ако биде поуспешна од Арарат (Ерменија), во второто коло за ривал ќе го има тимот на Валмира од Летонија.
И Шкупи го доби можниот ривал во второто квалификациско коло. Ако чаирчани ги поминат Линколн од Гибралтар, за следен противник ќе го имаат Димано Загреб.