Македонија и Англија ќе играат на тепих: ФФМ само за 50 дена го санира теренот на Арената (Видео)

Тревникот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје беше во катастрофална состојба, за што поплаки имаше од сите екипи и репрезентации кои гостуваа, но и од нашите репрезентативци. Македонија служеше за сеир по светските медиуми, но сега тревникот изгледа фантастично.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, со видео и со порака на социјалните мрежи се пофали дека само за 50 дена Фудбалската федерација на Македонија успеала да ја обнови подлогата и да овозможи одлични услови за сите актери. Хибридниот тревник е донација на ФФМ.

„Пред 50 дена ФФМ ја презеде обврската целосно да го уреди и да направи сосема нов терен на Арената ‘Тодор Проески’. Ова е резултатот!“, напиша Сејдини.

- Оглас -

Најнови вести