14.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025

Македонија и да загуби од Данска, пет дена подоцна секако ќе гостува кај Чешка или Ирска

Фудбалската репрезентација на Македонија на 26-ти март ќе гостува кај Данска во полуфиналето од баражите за Светско првенство, а без разлика дали ќе игра финале, пет дена подоцна секако ќе гостува кај Чешка или Република Ирска кои се потенцијални ривали за финалето.

ФИФА има правило според кое поразените полуфиналисти играат меѓусебе, нешто како меч за трето место. Ова се прави поради договорот за ТВ права, и ФИФА е обврзана да испорача одреден број натпревари во секој репрезентативен циклус, и на овој начин ќе добијат четири натпревари повеќе, без разлика што тие никому ништо нема да значат.

Ако загубиме од Данска, на 31-ви март ќе играме на гости со поразениот од полуфиналето Чешка – Република Ирска.

- Оглас -

Најнови вести