6126 Македонија – Бугарија (Лига на нации 20:45 часот)
И покрај поразот во Грузија, нашите момци оставија добар впечаток и со добрата атмосфера што владее во националниот тим, Бугарија ќе биде лесно совладана среде Скопје.
Целата фрустрација од промашените шанси од петокот ќе биде исфрлена со голови во мрежата на нашиот сосед и заедно со многубројната публика на арената „Тодор Проески“ ќе се радуваме на убедлива победа.
Предлог тип: Т12+ (2.09)
6111 Црна Гора – Финска (Лига на нации, 20:45 часот)
И двете селекции немаат шанси за првото место и пласман во „елитата“ од Лигата на нациите, но мора да внимаваат бидејќи една од нив може да се пронајде на самото дно, коешто носи пад во „Ц“ натпреварувањето.
Во моментов таму е Романија со четири бода, која ќе се соочи со Босна и Херцеговина, којашто со сигурност е прва и нема резултатски мотив.
Финска има пет бода, додека Црна Гора е со шест. И двете селекции се со израмнет квалитет. На едната страна нападот ќе го предводи Стеван Јоветиќ, додека на другата е Темо Пуки.
И двајцата се лидери на своите нации и од нив се очекува да ги „тресат“ мрежите.
Предлог тип: ГГ (2.01)
1277 Шемрок роверс – УЦД (Премиер лига Ирска, 21 часот)
Ирската Премиер лига е активна за време на репрезентативната пауза, а вечерва на програмата е еден натпревар.
Шемрок е огромен фаворит и лидер по 29 одиграни натпревари, додека гостите се на претпоследното место само со еден бод повеќе од последнопласираниот Фин Харпс.
Јасно е дека сè освен убедлива победа за домаќините ќе се смета за изненадување.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.85)
1320 Лас Палмас – Гранада (Ла Лига2 Шпанија, 21 часот)
На три одиграни средби пред своите навивачи, Лас Палмас сезонава има две победи и едно реми со гол-разлика 3:0.
Гранада, пак, има два порази и една победа како гостин и на три средби има пет примени и само два дадени гола.
Покрај победа на Лас Палмас, можеме да очекуваме и мал број погодоци, нешто што е типично за втората шпанска лига.
Предлог тип: 1&0-3 (2.95)
6719 Унгарија – Италија (Лига на нации, 20:45 часот)
Математиката е јасна на оваа средба. Доколку Аѕурите сакаат да завршат први и да играат во елиминациите, тогаш мора да остварат победа на гостувањето кај Унгарија.
Од Унгарците, пак, никој не очекуваше дека во „групата на смртта“ со Италија, Англија и Германија на коло пред крајот ќе бидат првопласирани и дека реми со Аѕурите ќе им донесе и прво место.
Сепак, квалитетот е далеку на страната на гостите, кои нема да ја пропуштат оваа шанса да завршат првопласирани и да се борат за трофејот.
Предлог тип: 2 (2.05)