Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за две позиции на најновата ранг-листа на ФИФА. Според бодувањето, Македонија сега има 1 333 бодови, колку што има и Кина, па двете селекции се на делба на 71-вото место во светот.
Во изминативе 30-тина дена, Македонија немаше активности. Последните два меча одиграни на почтокот на минатиот месец беа лоши. Загубивме од Австрија (1:4) и Полска (0:1), па драстично си ги намаливме шансите за пласман на Европското првенство кое ќе биде следната година.
На врвот на листата нема промени. Белгија е лидер со 1 746 бодови пред Бразил со 1 726 и светскиот првак Франција со 1 718 бодови. Во топ 10 има место уште и за Англија (1 652), Уругвај (1 637), Португалија (1 631), Хрватска (1 625), Колумбија (1 622), Шпанија (1 617) и Аргентина со 1 610 бодови.