Македонија ѝ покажа заби на Русија во Перм – Одлично прво полувреме, негативата е само два поени

Македонија игра многу подобро во Перм против Русија и има негатива од само два поени по првото полувреме, 38:36, а претставата што ја покажуваат избраниците на Александар Тодоров е на многу поцисоко ниво од дуелот со Естонија во Скопје.

Од стартот на мечот гостите од Македонија имаа предност, а првата четвртина ја завршивме со водство од 20:19. Офанзивниот скок на Русија беше одличен и тоа е најголемиот проблем за нашата репрезентација во Перм. Русите успеаја да направат пресврт и предност, но не и да се одлепат, па разликата е само два поени.

Андреј Магдевски е прв стрелец кај нас со 8 поени, а Дамјан Стојановски постигна 7. Шест поени уфрли неговиот брат Војдан, па се очекува во второто полувреме неизвесна битка против еден од фаворитите во нашата група за пласман на ЕП 2021.

- Оглас -

Најнови вести