Македонија и Саудиска Арабија ќе одиграат пријателски меч во септември

Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе имаат одлична можност за проверка пред квалификацискиот меч против Лихтенштајн во септември. Со оглед дека нашата група од квалификациите за Светското првенство има пет селекции, ние сме слободни на четврти септември, а токму во тој термин Македонија ќе одигра пријателски меч против Саудиска Арабија.

Иако ФФМ сè уште го нема потврдено одигрувањето на овој меч, сепак тој ќе се одигра во Чешка, каде што Арапите ќе бидат на подготовки пред баражите за Светското првенство, кои во азиската зона ќе се играат во октомври.

Со Саудиска Арабија имаме одиграно два контролни дуел, но никогаш ни немаат гостувано во Скопје. Во 2001 година во Ријад мечот заврши нерешено, 1-1, а во 2022 година во Абу Даби бевме поразени со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести