Македонија и вторпат поразена со максимален резултат во Златната лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија со два максимални порази го заврши настапот на првиот турнир од Европската златна лига. После поразот од Финска, нашите одбојкари загубија и од домаќинот на турнирот, Словачка, со максимални 3-0.

Иако сите три сета беа неизвесни, сепак домашната селекција ја оправда фаворитската улога која ја имаше и пред мечот. Ретко се случуваше да бидеме во водство, тоа беше најчесто само на почетокот на сетовите, па така првиот го загубивме со 25-21, во вториот беше 25-22 за Словаците, додека во последниот беше најнеизвесно, но повторно во корист на домашните, овојпат со 25-23.

Следниот викенд македонските одбојкари ќе играат на турнир во Рига, против домашната Летонија и против Грција.

- Оглас -

Најнови вести