Македонија игра за публика, имаме водство од +6 на полувремето против Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија има водство од шест поени разлика против Полска на последниот меч од квалификациите за Европското првенство. Иако натпреварот нема никакво резултатско значење и Македонија нема да се најде на континенталниот собир, сепак, трибините во СРЦ „Кале“ се речиси исполнети, а нашата селекција игра одличен меч на задоволство на присутните.

После почетното водство на гостите, Македонија го презеде водството, а потоа дојде и до највисоки +7 во првата четвртина, 26-19, резултат со кој се замина на првата мини пауза.

Во вториот период на трипати имавме и плус 10, но до полувремето таа предност се стопи, па Македонија на паузата замина со водство од 45-39.

Ти Џеј Шортс со 13 и Ненад Димитријевиќ со 11 поени се најефикасни во нашата репрезентација, а поддршка добиваат и од Андерј Маслинко и Лејсон Зеќири со по седум.

- Оглас -

Најнови вести