32.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Македонија играше на ЕП, против Ерменија е еден од клучните мечеви за СП, но публика нема (Фото)

Македонија за првпат играше на Европско првенство ова лето, вечерва во Скопје игра многу важен меч против Ерменците за настап на Мундијалоот во Катар, но навивачите потфрлија.

Ги има само околу 5.000 на арената „Тодор Проески“, што е премалку за настап на национална селекција која има одлични успеси.

Навивачите се жалеа на скапите влезници, кои чинат 300 денари, или пет евра, а и ковид-протоколите кои дозволуваат само вакцинирани со две дози да бидат на трибините си го сторија своето.

 

Вечерва и селекторот Благоја Милевски ќе дебитира како кормилар на А селекцијата, се врати и Адис Јаховиќ, тука се стандардните Ристовски, Алиоски, Барди, Елмас, Трајковски…, но публика има многу малку.

- Оглас -

Најнови вести