Македонија или Косово – кој има поголеми шанси за победа во баражот? Познати се коефициентите во Sport Life

Македонската фудбалска репрезентација е само на два чекори до пласман на Европското првенство 2020 година. Нашите најдобри фудбалери на 26 март во Скопје ќе играат против селекцијата на Косово, во полуфиналето од баражот на Лигата на нацииte. Победникот од овој дуел ќе игра во финалето на гостински терен со подобриот од мечот меѓу Грузија и Белорусија.

Македонија досега никогаш не била на завршница на големо фудбалско натпреварување, а ова за многумина е златна шанса. Дуелот против Косово се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје, што значи дека нашите фудбалери ќе ја имаат поддршката од трибините.

На еден месец до овој дуел со Косово, Sport Life обложувалниците гi одредија коефициентите, според кои Македонија има поголеми шанси за победа и пласман во финалето од баражите. За победа на нашата репрезентација коефициентот е 2,50 (за 100 вложени денари се добиваат 250).

Шансите дека Косово ќе се радува по 90 минути игра е со коефициент 2,95, додека нерешениот резултат се вреднува со коефициент 3,25. Доколку биде нерешено, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш нема победник, ќе решава пенал-рулетот.

Освен основните коефициенти за победник, секако за овој меч може да се обложите и на сите останати понуди во Sport Life, па за да има три или повеќе голови, коефициентот е 2,35, дека двете селекции ќе дадат барем еден гол, коефициентот е 2,03, а Македонија да води на полувреме и на крај да победи е со коефициент 4,20.

Освен мечот меѓу Македонија и Косово, за обложување ги имате и останатите седум мечеви од бараж-средбите во Лигата на нациите кои ќе ги дадат последните четири патници на ЕП 2020.

 

- Оглас -

Најнови вести