Македонија има 14-14 на полувреме: Кузмановски и Митев торпедираат, а Митревски е октопод на голот

Ракометната репрезентација на Македонија игра одлично и има 14-14 по првото полувреме против големиот фаворит Унгарија на премиерата на Светското првенство. Во Арената во Вараждин владее вистинска „македонска еуфорија“, фановите влеваат дополнителна енергија и сигурност за нашите ракометари, а тоа се отсликува и на резултатот.

Десниот бек Зоран Илиќ постигна четири гола на почетокот од мечот и Унгарија поведе со 5-2, но потоа дојдоа минутите на Македонија.

Марко Митев беше стрелец на првиот гол за нас, се разигра Филип Кузмановски, се разбрани Никола Митревски и Македонија влезе во фантастична серија, постигнавме осум, а примивме само еден гол, за водство од 10-6.

Но, и Унгарците додадоа гас, се доближија на еден гол негатива. Марко Митев и Филип Кузмановски со нови два гола повторно нѐ одлепија на 13-10.

Во последните три минути од првиот дел, Македонија влезе со предност од 14-12, а Игор Ѓоргиев изнуди седмерец кој не успеа да го реализира капитенот Кузмановски.

Унгарците израмнија на 14-14, но тоа не треба да ги разочара македонските ракометари.

- Оглас -

Најнови вести