Македонија има дадено само еден гол во четири меча против Белгија, но тој е еден од најлегендарните (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација утревечер на арената „Тодор Проески“ ќе игра против Белгија, во меч од квалификациите за пласман на Светскто првенство во 2026 година. Гостите се големи фаворити за победа, но нашите репрезентативци најавија дека нема да се предадат без борба.

И традицијата на меѓусебните дуели е на страна на Белгија. Досега имаме одиграно четири меча со овои ривал и билансот ни е едно реми и три порази, без ниту еден триумф.

Интересно е дека Македонија има дадено само еден гол во тие четири средби против Белгија и баш тогаш остана непоразена. Беше тоа мечот од квалификациите за ЕП 1996 година, а се играше во Брисел.

Белгија водеше со 1:0, кога во второто полувреме Зоран Бошковски-Чоко постигна гол за 1:1. Погодокот на популарниот Чоко е можеби најслучајниот гол кој Македонија го има ддадено во озминативе нешто повеќе од три децении. Голманот Мишел Прудом несмасно ја одри топката, таа удри во ногата на Бошковски и потоа буквално се стркала во голот на Белгија.

Во останатите три меча кои ги одиграа Македонија и Белгија, резултатите се 1:0, 0:2 и 0:5 во корист на Белгија.

Македонија утре да постигне гол против Белгија е со квота од 1.90, а нашата репрезентација да даде два погодоци против фаворитот се вреднува со квота од 6.25.

- Оглас -

Најнови вести