Бесар Алили од Македонија е европски шампион во борење до 17 години, откако денес во финалето го совлада Ерменецот Харутјун Ховханисјан со 7-6 и го освои златниот медал.
Алили се позлати во категоријата во слободен стил до 48 кг. на шампионатот кој се одржа во Фиренца, Италија, а кон патот до финалето славеше над претставници од Молдавија, Грузија и Полска.
Неговите амбиции продолжуваат со добар настап на Светското првенство, како и на Олимписките игри за млади.