Две од полуфиналињата во баражите за Светското првенство ќе се играат во Полска. Тоа стана јасно откако Италија, Турција, Украина и Полска се фиксираа како први носители при ждрепката, а Украинците како домаќини ќе играат во Полска.
Македонија ако загуби од Велс, ќе биде во четвртиот шешир и ќе гостува кај една од овие четири селекции, што значи дека има 50% шанси да играме во Полска, а по 25 отсто во Италија или Турција.
Ако избраниците на Благоја Милевски победат или одиграат нерешено против Велс, тогаш ги избегнуваме Италија, Турција, Украина и Полска, а можни ривали ќе ни бидат Словачка, Шкотска, Чешка и веројатно Република Ирска, што значи реални шанси за полуфинален дуел имаме некаде во поранешна Чехословачка.

