Македонија има најслаба гол-разлика и ќе заврши како последна на ЕП

Женската ракометна репрезентација по десетгодишна пауза, се врати на големата сцена, но настапот на Европското првенство го заврши со три порази и ќе биде последна, 16-та.

Последниот настап на нашата репрезентација на ЕП во Србија беше во 2012 година, а на годинешното ЕП не обезбеди пласман преку квалификациите, туку како коорганизатор заедно со Словенија и Црна Гора.

Македонија во првото коло загуби од актуелниот олимписки и светски шампион Франција со 14:24, во второто коло подобра беше Холандија, која е фаворит од сенка за титулата, со 15:30. Во последното трето коло, кое одлучуваше за третиот патник во втората фаза, Романија беше подобра од нашите ракометарки со 23:31.

Македонија по трите меча има најслаба гол-разлика, 52:85, и сигурно ќе биде последна на ЕП. Во групата А Швајцарија, која е последна, освои бод, во Групата Б Србија има три порази, но подобра гол-разлика од Македонија (66:88), додека Шпанија е последна во групата Д, но по два меча има само минус осум (44:52) и тешко дека може да загуби од Германија со 25 гола разлика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести