Ракометната репрезентација на Македонија има негатива од осум голови на полувремето на квалификацискиот меч за Европското првенство против Словенија во Копер. Голем пех за Македонија е и повредата на Марко Митев, кој се повреди и мораше на носилки да биде изнесен од теренот.
Во првите 30 минути само еднаш имавме нерешено, на почетокот кога израмнивме на 1-1, а во остатокот од првото полувреме Словенија комплетно доминираше. Во финишот од првиот дел домашните дојдоа и до највисоките +8, 20-12, предност со која се замина на паузата.
Филип Кузмановски со четири гола е најефикасен во нашите редови, додека Алекс Влах со седум гола е предводник на Словенија. Одличен на голот на домашните е и Бажник со осум интервенции, додека Галевски има шест одбрани од 18 удари, откако го замени Митревски, кој не успеа да одбрани ниту еден од осумте удари кон неговиот гол.