11.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Македонија има негативен биланс против азиските селекции: Само една победа на 20 натпревари

Фудбалската репрезентација на Македонија е слободна во петтото коло од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026, па слободниот термин ќе го искористи за пријателски меч против Саудиска Арабија во Прага, Чешка.

За нашиот национален тим ова ќе биде вкупно 21-ви дуел против некоја селекција од Азија, ако тука ја сметаме и Австралија, која настапува во азиската зона.

Билансот на досегашните 20 меча ни е крајно неповолен, само една победа, и тоа против Катар во 2009 година во Скопје, осум нерешени средби и дури 11 порази. Гол-разликата е негативна, 10 дадени и 24 примени гола, а дури на 12 од овие 20 меча не сме постигнале гол.

Сепак, Македонија во мечот против Саудиска Арабија влегува со серија од 10 натпревари без пораз во сите конкуренции, па сигурно дека и репрезентативците и стручниот штаб, но и целокупната фудбалска јавност посакува оваа серија да продолжи и по денешниот меч, а секако и по оној квалификацискиот против Лихтенштајн во недела.

Резултатите на Македонија против репрезентации од Азија:

Австралија (0-1 и 0-0)
Бахреин (1-1)
Иран (1-3, 1-1 и 1-3)
Јужна Кореја (2-2 и 1-2)
Катар (0-1, 2-1 и 0-0)
Кина (0-0, 0-1, 0-1, 0-2 и 0-0)
Либан (0-1)
Оман (0-2)
Саудиска Арабија (1-1 и 0-1)

- Оглас -

Најнови вести