Македонија има одлични ракометни кадети – Победена е и Швајцарија за шампионски пехар на ЕХФ шампионатот

Македонија има одлични кадети во ракомет и добра иднина, а младите играчи до 18 години денеска ја победија Швајцарија во финалето на ЕХФ шампионатот во Рига, Летонија.

Со пет победи напет меча македонските таленти одиграа фантастичен турнир, што денеска го завршија и со пехарот в раце.

Финалето беше интересно, а двете селекции семенуваа во водство до средината на првото полувреме, кога Македонија поведе со 9:6 и ја задржа предноста од 3 гола на полувремето, 13:10.

Потоа беше и 14:10 на стартот на вториот дел, но Швајцарците се вратија во игра и израмнија на 15:15,а потоа и поведоа со два гола, 22:20.

Со серија од 4 гола по ред Македонија сепак потврди дека е најквалитетната селекција на турнирот во Летонија и заслужено го освои трофејот.

 

- Оглас -

Најнови вести