Македонија има опасни ривали во трката за добивање вајлд-карта за настап на Светското во Египет

Македонската ракометна репрезентација е во исчекување дали ќе добие покана за настап на Светското првенство кое следната година ќе биде во Египет. Поради пандемијата од корона-вирусот, Македонија не доби шанса да го игра бараж-мечот против Франција и на тој начин ја загуби шансата да биде дел од Мундијалот.

Сепак, Македонија има шанса за настап на СП во Египет доколку добие една од двете вајлд-карти. Сепак, и тука има опасни ривал затоа што на тоа се надеваат и репрезентациите на Русија, Србија, Полска, Црна Гора…

На Мундијалот во Египет ќе патуваат 32 селекции, а досега учеството го имаат обезбедено 28 селекции. Од Европа сигурно ќе играат Данска, Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција.

- Оглас -

Најнови вести