Додека беше играч, Кирил Лазаров, со години беше неприкосновен лидер на нападот на македонската репрезентација, и се издвојуваше со својата ефикасност, а сега како селектор, на располагање има тим во кој Филип Кузмановски е во неговата улога, но не толку изразено, сега имаме тим во кој сите придонесуваат.
На пример на средбата со Катар, дури 13 различни поединци постигнаа гол, нешто што ретко се случува. Сите играат, сите придонесуваат, не се чека само од еден или двајца ракометари.
Ова е голем квалитет на Македонија, ракометот е тимски спорт, сите поединци се важни, и ако се ставаат во функција на тимот, тоа носи резултат.