Фудбалската репрезентација на Македонија првпат во историјата победи на три натпревари по ред без да прими гол. Славевме двапати над Ерменија со по 2-0 и над Летонија со 3-0, а токму Летонците се нашиот противник против кого треба да го потврдиме првото место во групата, но и можност за четврта победа по ред, а зошто да не повторно и без примен гол.
Мрежата на Столе Димитриевски мирува веќе 351 минута, а последен пат се тресеше во деветтата минута, на мечот во Торсхавн, кога Давидсен погоди од пенал.
„Сакам и по овој меч да имам чиста мрежа. Кога ќе кажам дека сакам чиста мрежа на прес-конференција пред мечот, ми носи среќа и имам чиста мрежа“, вели нашиот репрезентативен голман.
Квотата дека Македонија нема да прими гол, односно дека Летонија нема да постигне во богатата понуда на Sport Life е 1.84.