9.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Македонија испиша историја, прв пат по 17 години победи во Скопје и тоа во драматичен дуел

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија во драматичен меч со 79:78 ја победи Данска, во првиот меч од квалификациите за пласман на Евробаскетот 2027. Ова е историска победа за нашата селекција, бидејќи е прва по пауза од 17 години на еден официјален натпревар во Скопје.

Уште од самиот почеток беше јасно дека ова ќе биде интересен и до крај неизвесен дуел. Во деветата минута од мечот, Македонија водеше со пет поени предност (18:13), но им дозволија на гостинките од Данска со серија од осум поени во низа, да го преземат водство по првата четвртина.

Данска потоа стигна и до највисоки девет поени разлика (29:20), но Македонија ја имаше расположената Хемпе, која во тој дел од играта делуваше незапирливо. По нејзиниот 16.поен, намаливме на (29:33), а потоа на теренот во СРЦ „Кале“, и тоа во вистинско време се „појави“ и Илина Селцова. Како наш втор голем адут во фазата на нападот. По нејзината серија на поентирање во која собра дури 12.поени, во последната минута од првото полувреме, Македонија одново водеше, со (39:37), но на полувреме Данска замина со минимална предност од 40:39.

Резултатската неизвесност продолжи и во второто полувреме. Двете репрезентации се менуваа во водството, но ниту една не направи некоја посериозна предност. Нашата селекција имаше плус од три поени (51:48) во 25.минута, а на три минути пред крајот, стигнавме и до највиското водство од шест разлика (74:68). Потоа водевме и со 76:70, но Данска стигна на еден негатива (76:77), а во дрматична завршница, нашите репрезентативки беа посмирени и на крајот се радуваа на голем триумф.

За три дена следува нов предизвик за македонската репрезенатција. Повторно на теренот во СРЦ Кале, Македонија ќе игра против Грција.

- Оглас -

Најнови вести