Поразите од Украина и Англија се архивирани. Фудбалската репрезентација на Македонија е пред нов предизвик наречен Италија – актуелниот европски шампион.
Противник против кој ја забележавме една од најголемите победи во нашата историја, ако не и најголема. Датумот 24-ти март 2022-ра година ќе остане со златни букви запишан во нашата фудбалска и спортска историја, Македонија во Палермо ја совлада Италија со 0-1 во плеј-офот за пласман на Светското првенство со голот на Александар Трајковски.
Тоа е само еден од трите досегашни дуели против Италија, противник против кој секогаш постигнуваме барем по еден погодок. Така беше на веќе споменатиот натпревар во Палермо, така беше и во Торино (1-1) во 2017-тата година, а така беше и во поразот од 2-3 во Скопје во 2016-тата година.
Квотата дека Македонија и денес ќе постигне погодок против Италија во Sport Life е одлична, дури 2.15.
Сепак, Македонија е во катастрофална форма и сосема очекувано е дека Италија е апсолутен фаворит на денешниот натпревар. Поразот со пресврт од 2-0 до 2-3 од Украина дома и дебаклот од 7-0 против Англија во Манчестер ја става Македонија во подредена положба за денешниот дуел и со квота од неверојатни 10.0 за победа против Италија.