Македонија ја има една од најстарите репрезентации во Европа

Македонската фудбалска репрезентација е меѓу најстарите селекции во светот по истражувањето кое го направи Фудбалската опсерваторија (ЦИЕС). Во пресметките се земени стартните состави на националните тимови за мечевите кои ги имаат одиграно во 2024 година.

Според овие пресметки, просекот на стартот во македонската репрезентација е 27.93 години. Во ова истражување учествувале дури 144 селекции од целиот свет, а македонската репрезентација е на 11-тото место на најстари во Европа, а на 33-тото место во светски рамки. Во составот на Македонија, 0,1 отсто од играчите се до 21 година, 38,8 отсто се играчи кои имаат од 22 до 25 години, имаме 30,4 отсто играчи кои се од 26 до 29 години, а 30,7 отсто од фудбалерите се на 30+ години.

На врвот од светската листа на најстари селекции е Перу со просек од 30,38 години. Во Топ 10 најстари репрезентации во светот од Европа се само Црна Гора (просек од 28,94 години) и Словачка со просек од 28,92 години.

Најмладата репрезентација во Европа е таа на Сан Марино со просек од 24,31 години, а тука е и Северна Ирска со просечна возраст на играчите од 24,39 години.

На светско ниво, најмладата репрезентација ја имаат Кајманските Острови со просечна старост од 23,05 години, а тука се и Порторико (23,34 години), Чад (23,43 години) и Самоа (просек од 23,63 години).

Комплетната листа на просекот на години на фудбалските репрезентации може да ја видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести