Македонија ја победи Грузија и се пласираше во осминафиналето на СП У19 во ракомет

Ракометната машка репрезентација на Македонија за играчи до 19 години, ја совлада Грузија со 27-21 и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство кое се игра во Хрватска.

После поразот од Норвешка на стартот, следуваа победи над Црна Гора и Грузија, што значеше освојување на второто место во групата и влез во главната рунда, каде ќе имаме дуели со Данска и Австрија.

На денешниот дуел, Македонија ја оправда фаворитската улога и извојува рутинска победа. Најистакнати поединци беа Дамјан Субашевски со 6 гола од 6 шута и Ненад Белистојановски со 6 гола од осум обиди.

- Оглас -

Најнови вести