Македонија и Фарски Острови играат без голови по првото полувреме на Арената „Тодор Проески“ во пријателски меч. Нашата репрезентација доминираше во првите 45 минути, но не успеа да се стекне со предност.
Езџан Алиоски ја имаше најдобрата шанса за погодок кога по акцијата во 37-мата минута, неговиот шут од 15-тина метри заврши во пречката. Претходно Македонија постигна и погодок, кој беше поништен поради наводен офсајд, а спорна беше ситуацијата и кога топката удри во раката на еден гостински фудбалер, но судијата не досуди пенал.
Фарски Острови единствената шанса за погодок ја имаа во 41-вата минута, кога Радосављевиќ буквално од пеналтикот беше осамен, но шутираше многу непрецизно над голот.