Македонската кошаркарска репрезентација на Македонија продолжува со одличните настапи на Европското првенство Б дивизија кое се игра во Скопје. Нашите надежи без никакви проблеми, на убедлив начин ја победија Португалија со 71:42, во четвртфиналето.
Гранитна беше одбраната на Македонија и тоа беше клучот за убедливиот триумф. по првите 10 минути Македонија водеше со 17:8, а на полувреме нашите надежи водеа со 30:22.
На почетокот на второто полувреме Македонија заигра уште подобро и разликата постојано растеше, па на крајот стигна до максимални 29 поени разлика.
Марко Лукановски со дабл-дабл ефект од 17 поени и 14 скока беше предводник на Македонија, а одлично беа и Никола Јаничиќ со 16 поени седум скока скока и четири асистенции, додека Стојковиќ заврши со 13 поени.
Во полуфиналето, Македонија ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Швајцарија и Бугарија. Место во А дивизијата обезбедуваат трите најдобри селекции од овој турнир, што значи дека на Македонија до крајот ѝ треба само уште една победа.