11.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Македонија ја стартува мисијата наречена Европско првенство

Македонската фудбалска репрезентација денеска го има првиот собир за подготовките пред стартот на Европското првенство. Македонија за прв пат ќе биде дел од едно големо фудбалско натпреварување, а првиот меч ќе го играме на 13 јуни во Букурешт против Австрија. Во групата се уште и Украина (играме на 17 јуни во Букурешт) и Холандија (играме на 21 јуни во Амстердам).

Базата ќе биде хотелот „Хилтон“ каде вечерва треба да се соберат фудбалерите. Според протоколите, сите прво треба да поминат на тестот за Коронавирусот и ќе бидат изолирани во посебни соби. Откако ќе бидат познати резултатите од тестирањето, ќе може да започне и првата фаза од подготовките.

 

- Оглас -

Најнови вести