Македонската фудбалска репрезентација го одработи првиот тренинг во пресрет на двата гостински меча кои следуваат во следните неколку денови.
Македонија прво ќе гостува кај Летонија во Рига, а потоа ќе игра и во Ереван на теренот на Ерменија. Двата меча се дел од Лигата на нации, во групата во која Македонија моментално е на првото место.
Според селекторот Благоја Милевски, главна цел на Македонија е да го задржи првото место во групата по одигрување на овие две средби на гостински терен.