15.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Македонија ја започна „мисијата Велс“, која треба да ни го обезбеди второто место во групата

Македонската фудбалска репрезентација го започна последниот собир за 2025 година. Нашата најдобра селекција во својата база во хотелот „Хилтон“ од денеска ја почнува мисијата „Велс“.

Против Велс ќе играме на гости, на 18 ноември во Кардиф, во меч кој треба да одлучи дали Македонија или Велс ќе бидат втори на крајот од групата во квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година.

Пред мечот во Кардиф, Македонија ќе одигра и контролен дуел во Скопје против Летонија на 13 ноември.

 

- Оглас -

Најнови вести