9.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Македонија ќе дебитира во „Б“ дивизија со домашен меч против Швајцарија (Фото)

Европската фудбалска куќа, УЕФА, и официјално го објави распоредот на натпреварите за новата сезона од Лигата на нациите. Македонија за првпат ќе игра во сегментот „Б“, а групната фаза ја отвораме со домашен дуел против Швајцарија на 26 септември.

Три дена подоцна следува гостување кај Словенија, а на трети октомври ќе ја пречекаме Шкотска. Двојниот септемвриско-октомвриски прозорец го затвораме со гостување кај Швајцарија на шести октомври.

Во ноемвриските термини, најпрво на 13-ти гостуваме во Шкотска, а три дена подоцна ја пречекуваме Словенија.

- Оглас -

Најнови вести