Турција, Чешка и Португалија ќе бидат ривали на Македонија во дебитантското учество на нашите одбојкари во Златната европска лига.
Ждрепката не смести во групата Ц, а ривалите се сериозни, но не и непобедливи. Со Чешка имаме играно квалификации, а со Турците игравме на Европското првенство годинава во Словенија. Португалија ќе настапи на ЕП, но има многу солидна репрезентација.
Според правилата на Лигата, само победниците од трите групи и најдобрата второпласирана екипа ќе продолжат понатаму и ќе играат на фајнал-фор турнирот што ќе го организира Белгија на 20 и 21 јуни следната година.
Во другите две групи се Белгија, Словачка, Шпанија и Романија, кои ќе играат меѓу себе во групата А, и Холандија, Украина, Естонија и Белорусија како дел од групата Б.