Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против селекцијата на Данска во првиот бараж-меч за пласман на Светското првенство во 2026 година беше одлучено на денешната ждрепка во Цирих.
Македонија ја има улогата на аутсајдер на овој дуел затоа што доаѓа како селекција од последниот четврти барабан, додека ривалот е од првиот, најсилен барабан. Натпреварот ќе се игра на 26 март следната година.

Доколку Македонија успее да победи во првиот бараж, следува нов и последен предизвик, а тоа е вториот бараж-дуел на 31 март 2026 година, против подобриот од дуелот Чешка – Ирска за конечно остварување на сонот и пласман на првото Светско првенство. Во евентуалното финале на баражот, Македонија повторно ќе биде гостин.

ПОЛУФИНАЛНИ ДВОЈКИ ЗА БАРАЖИТЕ ВО ЕВРОПСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ
Италија – Северна Ирска
Украина – Шведска
Турција – Романија
Данска – Македонија
Велс – Босна и Херцеговија
Полска – Албанија
Словачка – Косово
Чешка – Република Ирска

