19.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Македонија ќе има поддршка од над 1.000 навивачи, а на стадионот не смее да има повеќе од 10.000 гледачи

Нема да бидат сами македонските фудбалери на стадионот во Прага на утрешниот меч против Украина во квалификациите за ЕП 2024 година. Повеќе од 1.000 македонски навивачи денеска и утре треба да пристигнат во главниот град на Чешка за да им дадат поддршка на стадионот на Спарта Прага.

Овој стадион има капацитет од околу 20.000 гледачи, но нема може да биде искористен целосно. Украина е казнета поради недоличното однесување на нивните навивачи на дуелот против Англија во Вроцлав минатиот месец.

Поради тоа, УЕФА ја казни Украина со 20.000 евра, а одлуката беше и на следниот натпревар што ќе го игра Укриана како домаќин, а тоа е утрешниот против Македонија, да биде со лимитиран број навивачи.

Тоа значи дека Македонија ќе има одлична поддршка од трибините на стадионот во Прага, што е адут плус за да се стигне до посакуваната победа и на најдобар начин да се одбележи големиот јубилеј, а тоа е 30 години од првиот натпревар на Македонија на светска сцена.

 

- Оглас -

Најнови вести