Македонија ќе има претставник на ЛОИ во Париз и во борење

Борачот Владимир Егоров е четвртиот спортист од Македонија чие учество на Олимписките игри во Париз летово е официјално потврдено. Русинот со македонски пасош денеска го прослави 29-тиот роденден и оваа вест му е убав подарок.

Четворица борачи од Русија и Белорусија се отстранети од ЛОИ во Париз, а Егоров влета на местата на еден од нив, со исполнета норма, како третопласиран на квалификациите во Азербејџан. Борачот на Балканец од Штип ќе ја претставува Македонија во категоријата до 57 килограми.

Освен Егоров, на Игрите во Париз претставници на Македонија ќе бидат уште и Анастасија Мојсовска во стрелаштво, Мила Рељиќ во таеквондо, и атлетичарот Дарио Ивановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести