Македонија ќе ја има против себе традицијата и непобедливата Чешка на домашен терен

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва од 20:15 часот против Чешка го игра првиот од двата финални меча во баражот за СП.

Момците предводени од Кире Лазаров ќе се обидат да направат што е можно подобар резултат за поголеми шанси во реваншот, којшто е закажан за во недела, во арената „Борис Трајковски“.

Чешка и Македонија се стари познаници, а на нивниот терен досега сме одиграле пет официјални средби, каде што во четири наврати сме заминувале со наведнати глави.

Единствената победа на нашата селекција е од 2012 година, кога славевме со 27:21, додека имаме и едно реми две години подоцна (27:27). Јасно е дека Чешка ќе биде тежок тест, но нè и непреминлив.

Тие како домаќини немаат пораз од 2020 година, а сето тоа ќе претставува дополнителен мотив за „црвено-жолтите“ да дојдат до поволен резултат, а зошто да не и до победа.

- Оглас -

Најнови вести